Ватикан

Долг и таинствен процес за избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква

26.04.2025 16:12

Се очекува дека конклавата за избор на нов папа ќе се одржи средината на мај. Кардиналите ги започнаа интензивните подготовки, иако таинствен, сепак политички активности и лобирања,формирања коалиции очигледно е дека ќе бидат дела од процесот за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква...

Процесот за избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква е долг и таинствен. Ќе започне 15 до 20 дена по смртта на папата Франциск.

Во меѓувреме, околу 250 кардинали од целиот свет разговараат за предизвиците, потребите на црквата каков би требало да биде новиот папа. Право на избор ќе имаат 135 од нив, помлади од 80 години.

Кардиналите во Систинската капела остануваат сè додека не се избере новиот папа. Првиот ден гласаат само еднаш, во наредните денови по два пати. Доколку по одреден број гласања не се избере новиот папа, следува ден за молитва и размислување.

„Ако не се избере папа после 34 гласање тогаш има две можности. Да одлучат кардиналите дали изборот на папа ќе продолжи да биде според постоечките правила или ќе се одлучат да влезат двајца папи со најмногу гласови кои понатаму ќе ги избираат“, вели отец Гоце Костов – католичка парохија Св. Јован Крстител од Струмица.

Откако папата ќе ги добие потребните гласови, односно двотретинското мнозинство и ја прифати позицијата, традиционалниот бел чад од Систинската капелата ќе означи дека новиот поглавар на Римокатоличката црква е избран и од ложата на ватиканската базилика упатува благослов до Рим и светот.

Андријана Ѓурческа