Рим

Куса средба во Ватикан на Трамп и Зеленски

26.04.2025 19:17

Од Белата куќа велат, американскиот и украинскиот претседател имале многу продуктивен разговор...

Куса средба во Ватикан на Трамп и Зеленски пред погребната церемонија на папата Франциск. Од Белата куќа велат, американскиот и украинскиот претседател имале многу продуктивен разговор.

Трамп и Зеленски во Рим се сретнаа и со францускиот претседател Макрон и со британскиот премиер Стармер.

Во меѓувреме рускиот претседател Путин објави дека украинските сили целосно се повлекле од Курск.

По средбата на американскиот специјален претставник Виткоф со рускиот претседател во Москва, од Кремљ пристигна соопштение дека разговорот бил конструктивен и придонел за приближување на позициите во преговорите за завршување на војната со Украина.