Македонија

Анкета: Економијата најважен поблем, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство

26.04.2025 16:51

Македонските граѓани сметаат дека најважниот проблем со кој се соочува земјава се економските фактори, нивото на приходи на граѓаните и растот на цените, покажа истражувањето на мкд.мк. Во однос на лидерите на политичките партии, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците...

Македонските граѓани сметаат дека најважниот проблем со кој се соочува земјава се економските фактори, нивото на приходи на граѓаните и растот на цените, покажа истражувањето на мкд.мк.

Првпат во истражувањата криминалот и корупцијата се на второто место, веднаш зад нив е загадувањето на животната средина, а како голем проблем граѓаните ја посочуваат и состојбата во здравствениот систем.

Во однос на лидерите на политичките партии, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците. На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%. Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%). Од лидерите на партиите од коалицијата „Вреди“, најголем рејтингот ужива Таравари.

Ако утре се одржат изборите дури две третини од испитаниците изјавиле дека ќе излезат на гласање.

Од оние кои одговориле дека би излегле на гласање на следните избори, велат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. На второ место е коалицијата „Вреди“, па следуваат ДУИ, СДСМ, Левица, ЗНАМ.

Анкетирањето беше спроведено од 20-ти март до 17-ти април со 1.200 испитаници.