Косовската полиција уапси 40 радикални исламисти

11.08.2014 17:09

Во голема операција насочена против исламските радикали на Косово уапсени 40 лица. Се сомничат дека се бореле заедно со екстремистите во Ирак и во Сирија. Косовската полиција при апсењето запленила и поголемо количество оружје, муниција и експлозиви...

Стотици косовски полицијаци и припадници на специјалните единици учевствуваа во досега најголемата операција против осомничени исламски радикалисти на Косово. Апсењата и рациите се одвивале на 60 локации, вклучително и во неколку импровизирани џамии за кои што се верува дека биле користени како регрутирачки центри.

„Веруваме дека овие личности претставуваат закана за косовската безбедност и затоа се упасени. Некои од нив се осомничени дека се вмешани во терористичките организации како ИСИС и Јабхат Ал- Нусра“, вели Баки Келани  - портпарол на косовската полиција.

Косовските власти изминатиот период беа во состојба на готовност поради зголемувањето на бројот на етничките Албанци кои што се приклучуваат кон милитантите во Сирија и Ирак, а при тоа се појавуваат и на социјалните медиуми во обидот да привлечат повеќе следбеници.

Косовската влада ја поздрави операцијата и предупреди дека ќе се бори против секаков вид на религиозен екстремизам на Косово. ПретседателкатаАтифете Јахјага им честиташе на безбедносните сили и на разузнавачката служба за нивната континурана работа во насока на заштита на националната безбедност и уставниот поредок.

Од косовската полиција информираат дека најмалку 16 Косовари кои што им се приклучиле на милитантите како волонтери, загинале во битките со сириските и ирачките власти.



Марија Котовска