Прилеп
Во Прилеп вештачката интелигенција ќе помага во детектирање на отпадот
27.04.2025 17:01
Прилеп е пилот град за детектирање на дивите депонии и отпадот со помош на вештачката интелигенција. Како тоа ќе функционира, зашто загрижуваат податоците за комуналниот отпад кој останал расфрлан и недепониран …

Прилепските еко-активисти наредниов месец преку апликација на телефоните ќе ги детектираат дивите депонии во околината на Прилеп. Ќе се создаде база на податоци да реагираат надлежните институции и овластени фирми. Ова ќе биде прв пример вештачката интелигенција да помогне во справувањето со отпадот.
Во Прилеп годишно се создаваат преку 30.000 тони отпад. Од инспекторатот велат дека работат по дојава.
Во земјава секој граѓанин годишно создава отпад од 438 килограми.
Елизабета Митреска
