КАНАДА

Возач влета во толпа на фестивал на филипинската заедница во Канада, има жртви

27.04.2025 12:57

Очевидци велат дека виделе црн автомобил како неконтролирано се движи по улицата каде што во моментот имало стотици луѓе...

Жртви и повредени во канадски Ванкувер откако возач влета во толпа на фестивал на филипинската заедница. Полицијата соопшти дека маж од Ванкувер на околу 30 години е приведен.

Очевидци велат дека виделе црн автомобил како неконтролирано се движи по улицата каде што во моментот имало стотици луѓе.

Властите потврдија дека мажот и бил познат на полицијата. Истрагата е во тек и ја води одделот за криминал на полицијата во Ванкувер, која тврди дека инцидентот не е терористички акт.