Ватикан

Од денеска гробницата на папата Франциск е отворена за верниците

27.04.2025 11:45

Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера...

Од денеска гробницата на папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим е отворена за верниците, соопшти Ватикан.

Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера. На мисата во Светата Столица присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив шефови на држави и влади, поранешни државници, политичари.

Процесот за избор на новиот папа се очекува да почне по петти мај.