Македонија

Собрани над 30.000 евра на хуманитарната аукција на уметнички дела за помош на настраданите во „Пулс“

27.04.2025 15:59

На наддавањето учествуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, 50 политичари, многубројни бизнисмени, граѓани...

Со продажбата на уметнички дела преку аукција, собрани се над 30.000 евра од вчерашната хуманитарна акција организирана од „supportkocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел сè уште се на лекување.

На наддавањето учествуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, 50 политичари, многубројни бизнисмени, граѓани.

Автор на најскапото дело кое беше продадено е на Михаил Корубин кое од почетна цена 120.000 денари достигна до 300.000 денари.