Здравство

Таравари ги посети повредените во Истанбул

27.04.2025 19:21

Во стабилна состојба пациентите хоспитализирани во Истанбул, ги посети министерот Таравари. Утре треба да се вратат двајца од Бугарија. Во моментот во странство во болниците се лекуваат 32 од повредените во пожарот во кочанската дискотека...

Уште Мартин и Борис останаа на лекување во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул. Тие се во стабилна состојба и закрепнуваат по повредите со кои се здобиле во пожарот во кочанската дискотека. Во истата болница биле хоспитализирани уште четворица млади кои излекувани се вратени во Македонија. И покрај сериозните повреди коишто ги имале лекарите успеале да ги спасат.

Министерот Таравари ги посети пациентите, се сретна со родителите на двете момчиња.

„Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство“, рече министерот Таравари на посетата во Истанбул.

Во моментот во странство остануваат хоспитализирани уште 32 пациенти. Утре треба да се вратат двајца пациенти од Бугарија. А вчера е вратен пациент од Белгија којшто е на опсервација на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

Наташа Јанчиќ Менковски