Кривичен Суд

Во Кривичен ново рочиште за убиството на Вања и Панче

28.04.2025 07:57

Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. На минатото судење сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Денеска треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на другите обвинети...

Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. На минатото судење сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Денеска треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на другите обвинети. Во процесот против мене Обвинителството користи лажни сведоци, тврдеше првообвинетиот за двојното убиството Палевски. Рече дека критичниот ден бил во партиското седиште, снимал поткаст, и комуницирал на социјалните мрежи.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство за откуп.

Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски пак, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на малолетната Вања.