Македонија

Тркалезна маса на тема “Дали ни е потребен закон за Уставен суд?“

28.04.2025 08:07

Осврт на темата ќе даде амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер...

Уставниот суд со поддршка на делегацијата на ЕУ, преку механизмот ИПА 3, денеска организира тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен закон за Уставен суд“, со што ја отвора оваа тема која децении наназад се појавува во јавниот дискурс, без конкретни заклучоци. Настанот ќе го отворат претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова и евроамбасадорот Михалис Рокас.

Осврт на темата ќе даде амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер. Ќе биде презентирана студија која е изработена од тројцата правни експерти. Студијата ги обработува правните, компаративните и практичните аспекти на постојната положба и функционирањето на уставниот суд и анализира дали постои потреба од донесувањето посебен закон за Уставниот суд.