Македонија

24 години од масакрот во Вејце

28.04.2025 08:34

На 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата, помеѓу селата Селце и Вејце на Шар планина во месноста Брезовица, поминаа 24 години од масакрот на припадниците на безбедносните сили...

24 години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце. Се случи на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата, помеѓу селата Селце и Вејце на Шар планина во месноста Брезовица.

Убиени беа четири припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола, Роберт Петковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Бобан Трајковски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Бошко Најдовски и Кире Костадиновски.

Во нападот беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.