Скандинавија- надеж за македонските текстилци
Освен западноевропските земји, македонските текстилни компании шанса за соработка гледаат и во Скандинавските. Оние кои патот веќе го пробиле се задоволни од условите и односот з аработа, но се соочуваат со проблем за транспорт...

Скандинавските земји се новата надеж на македонските текстилни компании. Соработката која замре на крајот од ’90-тите години зедно со „Астибо“, сега повторно се возобновува.
„Веќе неколку години соработувам со брендот „Jаck and Jones“ за кои правиме доработка на готови конфекциски производи, а во последните години вршиме и фарбање. Имавме и извоз на наши производи во неколку бутици во Данска“, истакна Венцо Филипов, сопственик на текстилна компанија.
Кои се добрите, а кои лошите страни во работата со партнерите од Скандинавија?
„Скандинавските купувчи, особено оние од Данска се многу прецизни, точни и флексибилни. Но проблем ни е транспортот зашто немаме разиена мрежа за овие земји“, смета Филипов.
Разлики има и во стилот. Колку македонските текстилни компании можат да одговорат на нив?
„Во Скандинавија се цени повеќе едноставноста, елегантни и пософистицирани кроеви, каде што на цена е квалитетот. Македонските производители го имаат потребното знаење и квалификаии за да одговорат на нивните барања“, потенцира Теодора Филипова, менаџер на производтсво во текстилна компанија.
Филипови се единствени во Источна Македонија и од ретките во државата кои соработуваат со Скандинавија во делот на текстилот. За соработката да се продлабочи, и бизнисот да се прошири, потребн е и поголема државна стратегија, сметаат стопанствениците.
„Треба да има човек дали од Стопанската комора или од друга институција, кој ќе се ангажира и ќе создаде можности за контакти“, смета Панче Насев, сопственик на текстилна компанија.
Текстилството е една од трите носечки стопански гранли и оваа индустрија покрива 30 отсто од државниот извоз. Само оваа година, во првите шест месеци од годинава е остваерн извоз на текстини производи од 337 милиони долари, главно во земјите од Западен Европа.
Оливера Жежова
