Индијана и Бостон стигнаа до трети победи во 1 коло на НБА плејоф серијата
28.04.2025 09:56
Бостон ноќеска на гости го совлада Орландо меџик со 107:98, додека Индијана се радуваше на теренот на Милвоки бакс со 129:103.
Екипите на Индијана пејсерс и Бостон селтикс се на чекор до второто коло на плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
Бостон ноќеска на гости го совлада Орландо меџик со 107:98, додека Индијана се радуваше на теренот на Милвоки бакс со 129:103.
На двете пресметки резултатот е 3:1 во серијата прв до четири.
Прв тим со пласман во четвртфиналето е Оклахома Сити по „метлата“ над Мемфис (4:0).
Фото/ Извор: МИА
