Одбележување

Одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

28.04.2025 10:23

Македонското здружение за заштита при работа денеска ќе го одбележи 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештај за случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та.

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска ќе го одбележи 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештај за случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та.

Во парк во Аеродром, како и во минатите години, ќе бидат засадени дрвца во спомен на загинатите работници на работните места.

Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е востановен од Меѓународната организација на трудот за да ја промовира превенцијата од несреќи, повреди и професионални болести на глобално ниво.

 

 

Фото: веб-страница на МЗЗПР