КИЦ

Триото „Интерарт“ со концерт „Музички мостови“ во КИЦ Истанбул

28.04.2025 14:00

КИЦ во Истанбул го најавува концертот „Музички мостови“ на триото Интерарт од Битола, кој ќе се одржи на 29 април 2025 година (вторник), со почеток во 20:00 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.

Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот „Музички мостови“ на триото Интерарт од Битола, кој ќе се одржи на 29 април 2025 година (вторник), со почеток во 20:00 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.

На концертот ќе настапат истакнатите македонски изведувачи – флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно со пијанистката Татјана Божиновска. Со својата изведба, уметниците ќе ги пренесат слушателите низ светот на класичната и современата музика, интерпретирајќи дела на Д. Шостакович, Ф. Доплер, С. Петровски, А. Фурстенау и И. Кларк.

Концертот е дел од годишната програма на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.