Одбележани 24 години од масакрот кај Вејце
Сеќавање на осумте припадници на македонските безбедносни сили кои беа убиени меѓу селце и Вејце на Шар Планина. Поминаа 24 години од трагичниот инцидент којшто остави темни моменти во нашата историја. На местото на инцидентот комеморативен собир. Претставници на државните и локални власти, на армијата и МВР, одадоа почит на загинатите четворица припадници на специјалната единица волци и четворица од посебната единица на полицијата во Битола...

Поминаа 24 тажни години откако на 28 април 2001 години, за време на воениот конфликт, кај Вејце, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили
Во 17 часот и 45 минути кај тетовското село, припадниците на специјалната единица „Волци“ и на посебната единица на СВР Битола, во попладневните часови, биле нападнати од заседа, ѕверски убиени, а потоа масакрирани и живи запалени. Во чест и спомен на четворицата битолчани, утрово државни и локални делегации, голем број колеги, пријатели и семејствата на загинатите, положија цвеќе и оддадоа почит на прерано згаснатите животи.
Овој трагичен настан од поновата историја на Македонија, утрово се одбележа и на место на крвавата заседа. Од таму беа испратени пораки до надлежните институции за поголема грижа и заштита на спомениците како и повик за меѓуетничка почит и единство.
Бранителите со забелешка – бараат алтернативно чествување на овој ден, наместо во Вејце, централното одбележување да биде на местата од каде што се загинатите бранители.
При нападот повредени се и шестмина други бранители, кои се наоѓале во последното возило од колоната.
Александра Максимовска
