Уставен суд

Најголем дел од уставните судии со став дека е потребен нов закон за Уставниот суд

28.04.2025 16:19

Уставниот Суд е најнереформираната институција во државава, и дека статус – кво состојбата нема да доведе до унапредување на владеење на правото...

Општа констатација е дека Уставниот Суд е најнереформираната институција во државава, и дека статус – кво состојбата нема да доведе до унапредување на владеење на правото.

Најголем дел од уставните судии со став дека е потребен нов закон за Уставниот суд. Според претседателот на судот Дарко Костадиновски, регулативата може да се уреди со закон со двотретинско мнозинство или уставни акти.

Шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова со порака-партиите и политичарите да ги држат настрана рацете од Уставниот Суд. Вели дека изминативе две и пол децении највисоката судска институција ја претвориле во четврта власт-алатка за спроведување на влијание. Силјановска смета дека и не е толку важен начинот на избор на судиите, колку што е важно да се запази критериумот на истакнат правник.

Правниот експерт од ЕУ Манке потенцира дека тие нема да понудат решение, но го овозможуваат процесот и даваат идеи од избор на судиите до финансиска и управна независност на Уставниот суд.

Евроамбасадорот Рокас и амбасадорката на САД Агелер инсистираат на транспарентни, независни и ефикасни судски институции.

 

Марина Стојанева - Тонева