Заштита и безбедност при работа

17 луѓе го загубиле животот, 116 се здобиле со повреди на работно место минатата година

28.04.2025 17:20

Според извештајот на здружението, најмногу повреди има во јавната управа и одбрана, преработувачката индустрија и градежништвото...

Во 2024-та година 17 луѓе го загубиле животот на работното место, а 116 се здобиле со повреди при работа. Во споредба со 2023-та година има зголемување на ваквите несреќи. Не постои работно место кое не носи каков било ризик, но со превенција и соодветни услови може да се сведе на минимум, велат од Здружението за заштита при работа.

Според извештајот на здружението, најмногу повреди има во јавната управа и одбрана, преработувачката индустрија и градежништвото.

Од 1977-ма година па наваму, интензивно се работи на превенирање на несреќите на работно место. Само во 2025 година, регистрирани се 169 несреќи при работа.

Граѓаните во зависност од работното место, велат дека се чувствуваат безбедно, но ако работата е на отворено и носи ризик од повреда, мора да се почитуваат правилата за заштита при работа.

Безбедноста и здравјето на работниците е во фокус на одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Да се приспособуваме на новите трендови и технологии за да останеме конкурентни на пазарот на трудот, да можеме да ги задржиме младите во нашата земја, рече Дурмиши.

Александра Спировска