Работата на болниците ќе се оценува од наредната година

11.08.2014 17:30

Минимални стандарди се задолжителни, додека стандарди на совршеност е она кон што треба да се стремат здравствените институции...

Од наредната година Aгнецијата за квалитет и акредитација на здравствените установи ќе ја скенира и оценува работата на болниците. Минимални стандарди се задолжителни, додека стандарди на совршеност е она кон што треба да се стремат здравствените институции.

Прием на пацинетот, план за лекување, постапки за превенција на интрахоспиталните инфекциисе дефинирани страндарди кои прво болниците, а подоцна и другите здравствени установи ќе мора да ги почитуваат. Аганцијата за кавалитет и акредитација на здравствените установи ќе го спроведува процесот на оценување на кавлитетот на работа и обезбдеувањето услуги во здравствените установи.

Безбедноста на пацинетот зазема централно место во поглед на квалитетна здравствена заштита и обезбдеување висок степен на задоволство како кај пацинтите, така и кај вработените. Акредитацијата престваува потврда за квалитетот, преку имплементираните стандарди.

 

Наташа Јанчиќ