Правда

Од Министерството за правда се подготвуваат сет закони за реформската агенда

28.04.2025 15:40

Во рамки на реформската агенда, од правда најавуваат неколку законски решенија да се најдат на усвојување во Собранието. Почнаа со работа и работните групи на власта и опозицијата...

Реформите во правосудството ќе се носат во интерес на граѓаните, а не како до сега во интерес на одредени лица или групи, вели министерот за правда, Филков. Тој најави донесување на законот за судски совет до јуни, кој е пред Венецијанската комисија. Во него клучни новини се начинот на разрешување на претседателот, дефинирање на терминот истакнат правник и постапката на изборот на членовите.

Законот за јавно обвинителство треба да се донесе до декември. Се предвидува да има сопствен буџет од 0,5 проценти од државниот. Дисциплинските постапки да се со градација со конкретни рокови од три месеци. Со измените на Кривичниот законик, се усогласува кривичното дело – безобѕирно управување со моторно возило, составен дел од проектот „Безбеден град“ посочи ресорниот министер. Работните групи на власта и опозицијата се во комуникација.

Министерството ја почнува кампањата „Наша надлежност, твое право“ за да ги запознае граѓаните со вистинските свои надлежности.

 

Фиљана Кока