Палевски ги негира обвинувањата, тврди дека врз него се врши политички прогон
На судското рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителките му ја предочија целата казнена евиденција на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за двојното убиство. Тој обвини дека врз него се прави политички прогон...

На судското рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителките му ја предочија целата казнена евиденција на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за двојното убиство. Му посочија дека бил повеќе пати осудуван, како во Македонија така и во Задар. Тој обвини дека врз него се прави политички прогон. Обвинителката го праша, дали за него е својствено да не ги почитува законите?
Палевски со одговор:
„Му благодарам на Јавното обвинителство што го постави прашањето, ниту еднаш не се спомна какво било кривично дело врзано со насилство, грабнување и убивање луѓе. Обвинителството заборави да каже дека осудите во Хрватска се условни, за правен субјект за неплатени фактури, а не за мене“, додаде Палевски.
Адвокатите на обвинетите побараа вештачење на чаурата од оружјето со кое е извршено убиството, како и реконструкција на настанот, за што ќе приложат дополнителни докази во постапката.
Двојното убиство на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска се случило на 22-ри и 27-ми ноември пред две години, а телата на жртвите биле пронајдени на 3-ти декември.
За убиството се обвинети Љупчо Палевски како организатор, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов како соизвршители, а за помагател се обвинува таткото на Вања, Александар Ѓорчески.
Игор Панов
