светска банка

Светска банка за годинава прогнозира раст на македонската економија од 2,6%

28.04.2025 17:26

Во однос проекциите од минатата година има зголемување за 0, 1 процент кај македонскиот БДП, а намалување за 0,3 насто кај очекувањата за в година...

Светската банка во најновиот извештај прогнозира растот на македонската економија до крајот на годинава да биде 2,6 проценти, в година да се зголеми на 2,7 насто. Во однос проекциите од минатата година има зголемување за 0, 1 процент кај македонскиот БДП, а намалување за 0,3 насто кај очекувањата за в година.

Во извештајот се наведува дека економскиот раст во Западен Балкан се проектира малку да забави во 2025 година како последица на послабата надворешна побарувачка и економската несигурност која произлегува од менувањето на глобалните трговски политики. Се предвидува дека комбинираниот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија ќе достигне 3,2 проценти во 2025 година, што е за 0,5 процентни поени под претходните проекции. Растот се предвидува да забрза до 3,5 проценти во 2026 година.