САД и влијанието на македонската дијаспора

17.12.2013 10:53

Македонските иселеници релативно лесно можат да добијат пасош врз основа на македонското потекло, тројца министри во актуелната македонска Влада се од дијаспората, оценува аналитичарот Сара Гардинг од универзитетот Оксфорд, којашто е автор на анализата за влијанието на дијаспората во државите на потекло. Гардинг истакна дека македонската дијаспора може да гласа на избори и има свои пратеници во македонскиот Парламент.

„Неодамна правото на глас се измени во последниве неколку години, со тоа што сега има резервирани места во македонскиот Парламент за дијаспората. Читав за правилата за начинот на гласање и тие се уште се нејасни за поголем дел од иселениците.“  изјави Сара Гардинг- аналитичар од Универзитетот Оксфорд

Според најновата анализа, влијанието на дијаспората врз политиката на државите од Југоисточна Европа се повеќе се зголемува, но поддршката на иселениците на економски план не е голема.

 Во Соединетите Американски Држави има 450 илјади Македонци по потекло.

Ирина Гелевска постојан дописник на МРТ од Вашингтон