Македонија

Во Скопје протестен марш на семејствата на загинатите во „Пулс“

29.04.2025 08:29

Јавното обвинителство покани на средба на претставници на семејствата, кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка...

Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека, во Скопје во 12 часот и пет минути на протест, насловен „Марш за ангелите“. Според најавата, маршот ќе почне пред Обвинителството, ќе продолжи на Градскиот плоштад и ќе заврши пред Собранието. „Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат“, истакнаа семејствата во писменото соопштение.

Јавното обвинителство покани на средба на претставници на семејствата, кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Поддршка на протестниот марш дадоа од Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Достоинствено, но гласно, да испратиме порака дека Македонија заслужува подобро, велат студентите.

Во пожарот во „Пулс“, животите ги загубија 59 лица, тројца подоцна им подлегнаа на повредите, а околу 100-на беа повредени. Досега над 60 физички и 3 правни лица се опфатени во истрагата на Обвинителството.