Украина

Зеленски: Понудата на Путин, уште една манипулација

29.04.2025 08:50

Белата куќа, коментирајќи ја понудата на Путин претходно соопшти дека Трамп го губи трпението и сака да види трајно, а не привремено примирје...

Понудата за тридневен прекин на огнот во Украина е уште една манипулација на Путин-тврди Зеленски откако Кремљ објави прекин на огнените дејствија од полноќ на 8-ми до 11 мај, датум што се совпаѓа со прославите на победата по повод крајот на Втората светска војна.

„Ги цениме човечките животи, а не парадите. Веруваме, а и светот верува, дека нема причина да се чека 8 мај. Огнот не треба да се прекине на неколку дена, за подоцна повторно да се убива. Непосреден, целосен и безусловен прекин на огнот за најмалку 30 дена е она што може да обезбеди основа за вистинска дипломатија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Белата куќа, коментирајќи ја понудата на Путин претходно соопшти дека Трамп го губи трпението и сака да види трајно, а не привремено примирје.