свет
САД: Жртви и повредени откако автомобил влета во зграда
29.04.2025 08:53
Според полицијата, жртвите се на возраст од 4 до 18 години...

Четири лица загинаа, а неколкумина се повредени откако автомобил влетал во објект за време на вонучилишни активности во близина на Спрингфилд, Илиноис. Според полицијата, жртвите се на возраст од 4 до 18 години.
„Три лица беа удрени надвор од зградата пред возилото да го пробие објектот и да удри уште едно лице пред да излезе од другата страна. Неколку пациенти се префрлени во локалните болници“, изјави Скот Тартер, заменик-началник на полицискиот оддел во Чатам.
Полицијата додаде дека возачот бил единствениот патник во возилото и е префрлен во локалната болница на евалуација.
