Македонија

Николоски: Изградбата на автопатите на коридор 8 и 10 д има одлична динамика

29.04.2025 10:13

Со одлична динамика се градат автопатите на коридор 8 и 10 д, истакна вицепремиерот Александар Николоски во вчерашната емисија „360 степени“. Според него има доста работа, но очекува работите да се одвиваат согласно планираното...

Со одлична динамика се градат автопатите на коридор 8 и 10 д, истакна вицепремиерот Александар Николоски во вчерашната емисија „360 Степени“. Според него има доста работа, но очекува работите да се одвиваат согласно планираното.

Делницата Гостивар-Букојчани, популарната Стража има одлична динамика, Битола-Прилеп, исто така оди со одлична динамика. Тетово-Гостивар имаме подготвителни работи, за скоро време ќе одиме и на почеток на работите, а автопатот Требениште-Ќафасан е блокиран од страна на УНЕСКО. Ако го тргнеме Требениште-Ќафасан тогаш напредокот е одличен. Во овој момент имаме отворен фронт за работа од 68 км автопат имајќи предвид дека вкупната бројка заедно со четвртата делница е 115 км и ако одземеме дека таа делница е 25 км, значи дека од вкупно 90 на 68 километри веќе се работи. Мислам дека Битола-Прилеп ќе биде прв завршен, колку и да звучи чудно, втората делница од Гостивар до Букојчани иако е најтешка ќе биде втора, а Тетово – Гостивар иако изгледа најлесен ќе се заврши на крај имајќи предвид дека имаме население на двете страни од автопатот и доста внимателно одиме таму“-потенцираше вицепремиерот Николоски.