МВР
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години и 10 месеци
29.04.2025 15:27
Вчера во 14.20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.А.(44) од Скопје...

Вчера во 14.20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.А.(44) од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница од Република Северна Македонија во Р. Грција, соопштија од МВР..
При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци. С.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип.
