Одбележување на Меѓународниот ден на џезот во Паркот „Ибни Пајко“ и МНТ
30-ти април е прогласен за Меѓународниот ден на џезот во 2011-та година од страна на УНЕСКО. Идејата потекнува од џез-пијанистот Херби Хенкок, кој е амбасадор на добра волја на УНЕСКО...

Меѓунарониот ден на џезот се одбележува со концерти, работилници, едукативни програми и јавни настапи во повеќе од 190 земји ширум светот, обединувајќи ги заедниците, училиштата, уметниците и ентузијастите ширум светот. Џезот ја слави културната разновидност, промовира мир и меѓукултурен дијалог, поттикнува родова еднаквост и ја истакнува слободата на изразување.
Оваа година централната прослава на Денот на џезот ќе се случува во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Настанот ќе биде предводен од легендарниот пијанист Херби Хенкок и воден од Оскаровецот Џереми Ајронс, а ќе настапат низа најреномирани џез артисти од светот меѓу кои Курт Елинг, Диди Бриџватер, Маркус Милер, Артуро Сандовал, Данило Перез и други.
Кај нас централниот настан по повод Меѓународниот ден на џезот ќе се одвива на две локации: Паркот „Ибни Пајко“ и Македонскиот народен театар – Скопје, во организација на Националниот џез оркестар.
Програма:
Македонски народен театар:
18:00ч Brian Marsella Trio (USA)
(Концертот на американскиот пијанист Брајан Марсела и неговото трио е настан со кој нашата земја го одбележува 30 годишниот јубилеј од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и САД.)
Парк „Ибни Пајко“:
16:00ч. Џез за деца
19:30ч. Бојан Цветковиќ Квартет (SRB)
20:30ч. YoYo Band (BG)
21:30ч. Христијан Ристески Квартет (SL/MK/USA)
22:30ч. Trio Dragobert feat. Milagros Piñera (AU)
Во случај на неповолни временски услови, сите концерти ќе бидат префрлени во салата на Македонскиот народен театар.
