Либералот Карни победник на изборите во Канада
Лидерот на конзервативците Пјер Полиев го призна поразот и му ја честиташе победата. Иако конзервативците беа фаворити за победа по оставката на Трудо, директната закана на Трамп за анексија на Канада беше одлучувачко прашање во кампањата кое ја трансформираше изборната трка...

Марк Карни и неговата либерална партија победија на вонредните парламентарни избори во Канада. Лидерот на конзервативците Пјер Полиев го призна поразот и му ја честиташе победата. Иако конзервативците беа фаворити за победа по оставката на Трудо, директната закана на Трамп за анексија на Канада беше одлучувачко прашање во кампањата кое ја трансформираше изборната трка. Карни обраќајќи се пред своите поддржувачи во Отава, изјави дека неговата земја не треба да ги заборави лекциите од американското предавство. Либералите победија на изборите во 162 од вкупно 343 изборни единици, при што за целосно мнозинство беа потребни 172 места. Ова значи дека либералите остануваат на власт, но нема да можат самостојно да владеат.
„Канада никогаш не смее да ги заборави лекциите од предавството од САД. Нашиот стар однос со Соединетите Американски Држави, однос заснован на постојано зголемување на интеграцијата, е завршен. Системот на отворена глобална трговија заснован на соединетите американски држави, систем на кој канада се потпираше уште од втората светска војна, систем кој, па не е совршен, помагаше во обезбедувањето просперитет за нашата земја со децении“, изјави Марк Карни, премиер на Канада.
„Канаѓаните се одлучија за тенка малцинска влада, практично нерешено во пребројувањето на гласовите. Затоа би сакал да му честитам на премиерот Карни за водењето на оваа малцинска влада. ќе имаме многу можности да дебатираме и да не се согласуваме. Но, сега се обединуваме како Канаѓани. Ќе си ја завршиме нашата работа“, изјави Пјер Поилиевре, лидер на конзервативната партија.
