Политика

Таравари: На изборите одиме со посебни советнички листи и од тоа нема враќање

29.04.2025 14:54

На локалните избори одиме со посебни советнички листи и од таа одлука нема враќање назад, рече лидерот едното крило на Алијанса за Албанците, Таравари. Додаде дека за сè друго се подготвени да разговараат со сите...

На локалните избори одиме со посебни советнички листи и од таа одлука нема враќање назад, рече лидерот едното крило на Алијанса за Албанците, Таравари. Додаде дека за сè друго се подготвени да разговараат со сите, а со премиерот Мицкоски со кого имале редовна комуникација ќе се сретнат, откако ќе се врати од пат.

Во врска со состојбите во ВРЕДИ, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во „360 Степени“ на МТВ, рече дека не очекува Таравари да преземе чекор со кој би коалицирал со опозициската ДУИ, затоа што тоа за него би значело политичко самоубиство.

Претходно опозициската СДСМ изрази сомневање дека владината коалиција се дестабилизира поради превирањата во ВРЕДИ и одлуката на Таравари сам да настапи на локалните избори.

Фиљана Кока