Утре истекува владината мерката за ограничените цени и маржи
Трговските маржи за 102 групи на производи завршуваат утре. Од Министерството за економија денеска најавија дека цените постојано се следат и ако има какво било зголемување, веднаш ќе се интервенира со уште подраконски казни. Од Организацијата на потрошувачи ја поздравија владината мерка, но велат дека мора да се прошири да биде подостапна за сите…

Утре истекува мерката за ограничените цени и маржи што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Согласно Државната статистика, мерката придонела за стабилизирање на цените и намалување на инфлацијата, велат од Министерството за економија. Според заменик-министерот Ристески, ако трговците пак си тераат по свое, од Владата најавуваат поригорозни мерки.
Во однос на новата мерка маркетите јавно да ги објават на цените на интернет, Организацијата на потрошувачи нема добиено поплаки. Оттаму сметаат дека треба да се подобри прегледноста на производите.
При крај е и изработката на просечната потрошувачка кошница од Министерството за економија и труд, која по повеќе од 12 години ќе биде изготвена од официјална институција. За април Синдикатот пресмета дека на едно семејство му се потребни 62.691 денар за да го помине месецот.
Борис Грујоски
