Мицкоски се обрати на Конгресoт на ЕПП
Процесот на реформи кон Европската унија мора се темели на заслуги и реформа со јасни критериуми, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во Валенсија. Се обрати на Конгресот на Европската народна партија. Сведоци сме рече на менување на целите и дополнителни услови, кои се применуваат селективно, прикривајќи ја транспарентноста и правичноста што ги ветува Европа.

Македонски граѓани од прва рака ја почувствуваа тежината на двојните стандарди, се соочуваат со дополнителни услови кои се применуваат селективно и ја прикриваат транспарентноста и правичноста што ги верува Европа, во обраќањето од Конгресот на Европската народна партија, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој пристап не ја зајакнува Европа – го слабее нашиот колективен кредибилитет и ги намалува нашите заеднички цели. Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ не е само чин на добротворност – тоа е стратешки императив. Тоа обезбедува мир, стабилност и безбедност не само за нашиот регион, туку и за цела Европа. Процесот на пристапување мора да остане заснован на заслуги, воден од јасни критериуми и транспарентни проценки. Ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите“, рече Мицкоски.
Клучно е посочи Мицкоски лидерите на Европската народна партија и институциите во ЕУ да бидат движечка сила зад проширувањето на регионот на Западен Балкан и да го поддржат интегритетот на овој процес.
Александра Спировска
