Собрание

Не помина интерпелацијата за министерот Тошковски

29.04.2025 19:16

„Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а немаше воздржани. Базирана е на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица...

Не помина интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Тошковки поднесена од „Левица“ во која половина од ги темелеше на трагичниот настан во Кочани.

Ја проследија несоодветни изрази, меѓусебна расправија меѓу пратениците. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а немаше воздржани. Базирана е на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.

Опозицијата обвинува за селективност, велат царува криминалот и корупцијата во државата.

Власта тврди се апсат сите инволвирани. Не бегам, не молчам, не се кријам – од говорницата посочи Тошковски.