Трамп: Само што почнавме, сè уште ништо не сте виделе
Надворешната политика, војната во Украина, глобалната трговија, економијата и внатрешните промени во администрацијата беа во фокусот изминативе три месеци...

Сто дена од мандатот на Доналд Трамп. На собир во Ворен, Мичиген, прв голем, јавен настан откако се врати во Белата куќа, американскиот претседател ги одбележа, како што рече „најуспешните 100 дена на функцијата“ и додаде, „само што почнавме, сè уште ништо не сте виделе“.
Надворешната политика, војната во Украина, глобалната трговија, економијата и внатрешните промени во администрацијата беа во фокусот изминативе три месеци.
„Сакам само да ве известам дека наскоро ќе бидете многу горди на оваа земја. Со царините за Кина, ставаме крај на најголемата кражба на работни места во историјата на светот. Кина ни зеде повеќе работни места отколку која било друга земја. И тоа не значи дека нема да се разбереме. Се разбираме со Кина. Мислам, нивната тарифа сега е 145%, така што во суштина, тоа е голема разлика. Мислам дека ќе успееме. Тие сакаат да склучат договор, ќе направиме договор. Но, тоа ќе биде фер договор. Нема да биде договор да губиме трилиони долари годишно, како што направија со Бајден. Тој човек беше толку лош“, нагласи Доналд Трамп, претседател на САД.
Америка е помалку безбедна и поскапа откако Трамп се врати, демократите со критики за претседателот.
