Алкалоид на домашен терен ќе го игра реваншот со АЕК во финалето на Европскиот куп

29.04.2025 16:49

На денешната жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше одлучено Алкалоид прво да гостува во Атина, а во возвратниот меч да биде домаќин.

Ракометарите на Алкалоид ќе имаат шанса пред своите навивачи да го освојат трофејот во Европскиот куп.

На денешната жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше одлучено Алкалоид прво да гостува во Атина, а во возвратниот меч да биде домаќин.

Мечот на теренот на АЕК ќе се игра викендот на 17 или 18 мај, реваншот е во Скопје на 24 или 25 мај.

Тимот составен претежно од млади македонски ракометари предводен од тренерот Кирил Лазаров до финалето стигна со осум победи еден нерешен резултат и само еден пораз.

Фото/ Извор: МИА