Маржи

Истекува мерката за ограничени маржи на прехранбените производи

30.04.2025 09:08

Владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи за над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи во трговијата на мало и големо, истекува денес...

Денеска истекува владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи за над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи во трговијата на мало и големо, што беше воведена пред верските празници. Владината одлука за ограничени маржи беше донесена во февруари годинава и трае заклучно со денеска, 30-ти април.

Според министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, мерката дала позитивен резултат бидејќи, повикувајќи се на официјални податоци, рече дека во споредба со февруари, во март има дефлација од 1,3 отсто во делот на храна и пијалаци, односно намалување на цените. Податоците за април, исто така, како што рече, укажуваат на намалување на цените на храната и пијалаците.

Министерот најави дека од 1 мај Државниот пазарен инспекторат ќе се врши контроли на терен за да се види дали по завршување на мерката ќе има енормно зголемување на цените на производите. Ако се утврди дека маркетите се однесуваат девијантно во и енормно ги зголемат цените, како што рече, ќе бидат воведени поригорозни мерки.

Од 20 март, мерката опфати 102 групи производи и утврди максимални цени за осум категории.