Нема предвремен откуп на тутунот
Годинава нема да има предвремен откуп на тутунот. Искуство лани покажа дека малку тутунари се заинтересирани да го предадат родот пред законскиот рок во ноември...

Годинава нема предвремен откуп на тутунот. Минатата година иако имаше поголемо производство, во овој период се предадоа помали количества од предвидените 6.000 тони.
Годинава пред сеидбата производителите и монополите договорија помал откуп на тутун за 6.000 или вкупно 26 илјади тони.
Поради помалата побарувачка на светскиот пазар и за да можат сите заинтересирани да ја одгледуваат оваа култура решено е поголемите производители да го намалат, а помалите да го задржат досегашното производство.
Тутунарите се загрижени дали ќе се произведат и ваквите намалени количества поради лошите временски услови кои влијаат и на оваа култура.
Методија Трајков
