ИРАН
САД воведоа санкции за субјекти со седиште во Кина и Иран
30.04.2025 10:42
Санкциите следуваат во момент кога со посредство на Оман се одржуваат разговори меѓу Вашингтон и Техеран, а нова рунда е закажана за трети мај...

САД воведоа санкции за субјекти со седиште во Кина и Иран за кои се тврди дека ја поддржувале ракетната програма на Техеран. Санкциите следуваат во момент кога со посредство на Оман се одржуваат разговори меѓу Вашингтон и Техеран, а нова рунда е закажана за трети мај. Целта на преговорите е постигнување договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на дел од санкциите за Иран наметнати од Западот.
Збогатувањето ураниум e право на Техеран за кое не може да се преговара во тековните индиректни разговори со Вашингтон, велат од иранското МНР.
