Енергетика
Договор за изградба на интерконекторот со Грција
30.04.2025 11:58
Ќе се потпише договорот за изградба на интерконекторот со Грција на македонскиот дел до границата, потврди за Миа, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска...

Во следниве десет дена ќе се потпише договорот за изградба на интерконекторот со Грција на македонскиот дел до границата, потврди за Миа, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Досега кај нас имаше еден неуспешен тендер, а сега е добиен за 12 милиони евра пониска цена од првичната. Проектот е поддржан од Европската банка за обнова и развој.
Во Грција, пак, пред два и пол месеца, компанијата „Терна“ ги почна прелиминарните работи за грчкиот дел од интерконекторот за гас што ќе ги поврзе двете земји.
