ССМ на протест

30.04.2025 12:55

Сојузот на синдикатите на Македонија излегува на протест за повисоки плати. Но, Конфедерацијата на слободни синдикати нема да се придружи...

ССМ на протест за 1 Мај, КСС со конференција за развивање на социјалниот дијалог за работнички права. Пред Денот на трудот, синдикатите не се обединети. Сојузот на синдикати најави марш на кој ќе бара повисоки плати и почитување на колективните договори.

Со барање за минималец од 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра, ССМ во 11 часот излегува на улица. Од ССМ велат дека остануваат да ги бранат работничките права.

Првиот човек на КСС рече дека нема да излезат на протест за 1. мај оти тоа било обична парада.

Економистите сметаат дека легитимно право е дали ќе се протестира на улица, или битката ќе се води на друг начин.

Први мај е празник кој се одбележува ширум светот како симбол на борбата за работнички права.

 

Борис Грујоски