Ракомет

Јасна е 1/4 финалната мундијалска слика

17.12.2013 11:34

Србинките се извлекоа со Корејките 28:27, Норвешка и натаму немилосрдна овојпат на списокот ја ставиа и Чешка 31:21, Бразил продолжува да изненадува ја тргна и Холандија 29:23, Унгарија неочекувано лесно ја надиграа Шпанија 28:21.

Тоа е епилогот по вчерашниот втор дел 1/8 финален елиминациски круг на светскиот шампионат за ракометарки во Србија.

Сега веќе ја имаме и конечната слика на ¼ финалните дуели кој по денешниот ден за одмор утре стартуваат со меѓусебните пресметки.

Светските првенки Норвешка одат на домашниот тим Србија, Бразилките 5-тите од последниот планетарен шампионат, имаат шанса својот прогрес во последните години да го покажат против Унгарија кој пред 8 години последен пат ја почуствуваа пиедесталската среќа.

Франција селекција која најголемите успеси ги бележи токму на светските и која во Србија оди во најмала рака за одбрана на среброто од последните два вакви собири, ќе треба да се справи навидум со лесен противник Полска. Оваа селекција го бележи 14-тиот настап на мундијалите без забележителни резултати со исклучок на далечната 1973 и освоеното тогаш 5-то место.

Данска селекција која и покрај звучноста на самото име, на светски медал чека веќе 16 години. Дали ќе и се посреќи она што и побегна пред две години ќе треба да го започне со победа над Германките кој пак последниот голем успех го паметат од 2007-мата. Смената на генерации во гернаскиот тим покажува прогрес останува да се види дали ќе продолжи континуитетот.