Денеска ќе се знае изворот на листерија
12.08.2014 11:10
Од „Екстра Меин“ преку соопштение информираа дека досега доставените извештаи од Институтот за јавно здравје од тестирањата на земените мостри и брисови од машините покажуваат негативни резултати на бактеријата листерија...

Денеска конечно ќе се знае дали изворот на листерија од која починаа 4 лица е вакумираниот свински врат на кумановската фабрика „Екстра Меин“.
Оттаму, пак, преку соопштение информираа дека досега доставените извештаи од Институтот за јавно здравје од тестирањата на земените мостри и брисови од машините покажуваат негативни резултати на бактеријата листерија.
Се очекуваат и резултатите од суперанализата на спорниот производ, вакумиран чаден сечкан свински врат, најден во малопродажен објект во Гевгелија.
