Скопје

„Правда за Феликс“ – нов протест пред судот во Скопје

30.04.2025 16:44

Нов протест пред Граѓанскиот суд во Скопје. Се бара правда за бездомното куче Феликс, кое беше малтретирано и претепано до смрт. Им се суди на двајца.

Граѓани протестираа пред Кривичниот суд за претепување на кучето Феликс, додека во судница течеше рочиштето против обвинетите. Тие побараа максимална казна за луѓето кои до смрт го претепаа бездомното животно.

Според граѓанските активисти, во Кривичниот законик треба да бидат внесени нови квалификувани форми за мачење животни.

Кривичната пријава против насилниците е поднесена од Здружението за заштита на животни Анима Мунди и ЈП Лајка.

Следното рочиште е закажано за крајот на мај.

 

Наташа Јанчиќ Менковски