ГЕРМАНИЈА
Социјалдемократската партија на Германија ја поддржаа коалицијата со Мерц
30.04.2025 19:03
Двете страни в понеделник официјално ќе го потпишат договорот, а се очекува истиот ден да биде претставен и тимот министри...

Членовите на Социјалдемократската партија на Германија со големо мнозинство го одобрија коалицискиот договор со конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ, со што се отвора патот за формирање нова влада и изборот на Фридрих Мерц за нов германски канцелар.
Двете страни в понеделник официјално ќе го потпишат договорот, а се очекува истиот ден да биде претставен и тимот министри.
Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ победи на изборите на 26-ти февруари. Успех постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија, но конзервативците и социјалдемократите ја отфрлија можноста за коалицирање со оваа партија.
