Уставен суд

Се чека одлуката за прагот за независните листи

30.04.2025 14:53

Уставниот суд денеска требаше да донесе одлука за Изборниот законик, по поднесената иницијатива од група граѓани, кои реагираа на подигнувањето на прагот за потребни потписи за поднесување независни граѓански листи. Но, денешното гласање беше изедначено, а еден судија беше болен. Подносителите на иницијативата бараат Уставен да донесе правилна одлука во корист на демократијата...

Уставниот суд не донесе одлука за подигнатиот праг на потписи, потребни за поднесување на независни граѓански листи на избори на 1% од гласачкото тело. Гласањето на судиите било нерешено, од кои четворица биле „за“, четири судии „против“, а деветтиот судија беше отсутен од седницата.

Уставен претходно изрази сомнеж дека оспорените законски одредби не се во функција на остварување на целите на изборното законодавство, бидејќи преку зголемувањето на бројот на потписи за независните кандидати, тие се елиминираат од изборниот процес, им се оневозможува да го остварат правото на кандидирање како елемент на пасивното избирачко право. Подносителите на иницијативата се надеваат на одлука во нивна корист.

Судот во февруари поведе постапка за одредбите со кои се подигна прагот.

 

Игор Панов