Последен ден скалести маржи, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
Денеска се укинуваат маржите за околу 1.000 производи. Какви цени ќе добиеме од 1-ви мај? Прашањето е отворено, државата навестува строга контрола, а што велат граѓаните…

По завршувањето на ограничената мерка за брутопрофитната маржа за околу 1.000 производи остана прашањето-какви цени ќе нè пречекаат во маркетите?
Трговците засега не се подготвени да одговорат. Граѓаните анализираат со стравувања и очекувања. Подготвени се на непријатни изненадувања, а се надеваат дека ќе нема големи промени во цените.
Министерството за економија смета дека имаше ефекти од ограничените маржи со дефлација во март од 1,3 проценти и пониски цени на храната и пијалаците. Од утре се најавени инспекциски контроли и доколку има девијантни промени, ќе има и мерки.
Од 20-ти февруари беше скалесто ограничена бруто профитната маржа на 102 групи производи, 8 со 5 проценти, 56 со 10 и 38 групи производи со ограничувања на 15 проценти.
Елизабета Митреска
