Израел и Хамас го почитуваат примирјето

12.08.2014 11:23

Во Каиро продолжуваат преговорите за постигнување долготраен прекин на огнот...

Израел и палестинското радикално движење Хамас го почитуваат 72-часовното примирје коешто стапи во сила в недела на полноќ.

Во Каиро продолжуваат преговорите за постигнување долготраен прекин на огнот.

Израелската војска соопшти дека изутрината ниту една ракета не била истрелана од појасот Газа, и дека Израел не спровел ниту една операција.

Во едномесечната војна загинаа повеќе од 1.900 палестинци, повеќето цивили. На израелската страна загинаа 67 лица.