Муцунски во работна посета на Јапонија
Ќе присуствува на одбележувањето на Националниот ден на Македонија на Осака ЕКСПО 2025, каде што земјата учествува со свој павилјон...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е во работна посета на Јапонија. Ќе присуствува на одбележувањето на Националниот ден на Македонија на Осака ЕКСПО 2025, каде што земјата учествува со свој павилјон. На него се промовираат културните, туристичките и економските потенцијали. Покрај учеството на експо, министерот ќе оствари работни средби со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, со претседателот на јапонската организација за надворешна трговија, како и со заменик-претседателот на јапонската Агенција за меѓународна соработка.
На средбите ќе се разговара за унапредување на билатералната соработка, со фокус на економските и трговските односи, размена на искуства во областа на развојната помош, како и актуелни регионални и глобални предизвици.
